Сигурен престој, заедница и поддршка 24/7.
Место каде студентите растат
Сите студентски домови на едно место! Направи свој профил и започни го процесот на аплицирање, а притоа биди во тек со сите новости, конкурси и промени кои се случуваат.
Државни студентски домови
Сигурен дом за време на студиите
Реновирани соби, брз интернет, менза и читални—сѐ за мирно учење и активен студентски живот.
8
Државни студентски домови.
75+
Години искуство.
4500+
Сместени студенти секоја година.
24/7
Поддршка.
Секоја нова информација директно во твоето поштенско сандаче!
Пријави се на нашиот NEWSLETTER:
Избери еден од нашите
Студентски домови

„Гоце Делчев“ (ДСД Скопје)
Скопје

„Пелагонија“
Скопје

„Томе Стефановски-Сениќ“
Скопје

„Кочо Рацин“
Битола

„Никола Карев“
Охрид

„Браќа Миладиновци“
Штип
Потребни Документи
Документи од конкурс
Испечатена ел. пријава (за проверка на податоците)
Потврда за редовен студент или друг документ за запишување
Уверение за предвидени и положени испити (не важи за бруцоши)
Заверен образец „УППИ“
Диплома за завршено средно образование (само за бруцоши)
Изјава за семејната положба
Посебни категории:
Потврда од Центар за социјални грижи (деца без родители)
Наод и мислење за попреченост (лица со посебни потреби)
Изјава за користење на личните податоци (секој член од семејството посебно)
Изјава за идентичност на податоците
Изјава од родител/старател за подмирување на трошоци
Финансиски документи
Потврди за остварена плата (Јуни 2025 или последна исплата):
За државни/јавни установи → потврда заверена од овластен орган
За приватни фирми → потврда за плата + заверена декларација (фолио)
За пензионираните членови на семејството-документ за висина на пензија (чек)
За разведени родители – доказ за развод (ако постои) + алиментација (како приход)
За корисници на социјална помош – последно решение или последен чек
За инвалидитет- лекарска белешка
За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти – потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција
Документи кои МОН ги обезбедува
(студентите не треба да ги вадат):
Уверение од УЈП за приходи (мината година)
Потврда за невработеност/надоместок (Агенција за вработување)
Извод од матични книги:
Родени (за брат/сестра под 6 г.)
Умрени (за починат родител)
Уверение за државјанство (МВР)
Документи кои НЕ СЕ ПРИКАЧУВААТ НА ЕЛ. АПЛИКАЦИЈА, туку само се пополнуваат и доставуваат во домот заедно со другите документи.
📄 Полномошно од родител на студент за потпишување на договор за сместување (да се завери на НОТАР)
📄 Договор за сместување (се потпишува во Домот)
📄 Изјава против пушење
📄 Формулар со основни податоци
СПАКУВАНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ
И ДОСТАВУВАЊЕ ВО ДОМОТ
Конкурс за студиската 2025/26 г.
за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во РСМ
Комплет документи од точка 1
за пополнување и доставување во Домот согласно Конкурсот
Документи за Домот од точка 2
документи потребни при упис во Домот при склучување на договор за сместување
Коментарите на нашите
Задоволни студенти
Ана, -ФЕИТ
„Првпат доаѓам во Скопје — ме водеа од избор до вселување. Дури и ме споија со цимерка од ист смер.“
Марко, -Економски факултет
„Јасни чекори, проверка на документи и реални совети во согласност со моите барања. Примена од прва!“
Петар, -Правен факултет
„Одговорија на секое прашање истиот ден додека ги средував документите. Топ препорака.“
Сара, -ФИНКИ
„Во рок од два дена ми ја средија пријавата и ми помогнаа да изберам дом блиску до факултет. Без нив ќе го промашев рокот.“
Консултации 24/7
Објасни ни го твојот проблем, а нашиот тим ќе ти одговори во најбрз можен рок!
Дознај повеќе преку
Најчесто поставувани прашања
Горенаведените документи се прикачуваат електронски и тоа почнувајќи од 15.07.2025 година до 31.07.2025 година, додека студентите од I година документите ги прикачуваат почнувајќи од 10.09.2025 година до 17.09.2025 година.
Да, нашата услуга е бесплатна, без скриени трошоци.
Не, студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.
Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список
